Вечерва во Хамбург од 18 часот ќе бидат извлечени групите за престојното ЕП кое ќе се одржи во Германија во 2024 година.
Шешири за извлекување:
Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, Англија
Втор шешир: Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија, Австрија
Трет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка
Четврт шешир: Италија, Србија, Швајцарија, Победник плеј офф А, плеј офф Б и плеј офф Ц
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2023/12/Sesiri-za-zdrebka.jpg)
Последните учесници на ЕП ќе бидат познати по одигрувањето на плеј офф средбите од Лигата на нации
Полуфинални натпревари:
Патека А: Полска – Естонија и Велс – Финска
Патека Б: Израел – Исланд, Босна и Херцеговина – Украина.
Патека Ц: Грузија – Луксембург, Грција – Казахстан.
Една од овие репрезентации од секоја патека ќе се пласира во групната фаза на Евро 2024 година.
Да потсетиме, финалниот дел од ЕП 2024 ќе се одржи во Германија. Домаќини на натпреварите од ЕП ќе бидат 10 стадиони во 10 градови. Актуелен победник на Европското првенство е селекцијата на Италија која во финалето на ЕП 2020 на лондонскиот Вембли ја победи репрезентацијата на Англија по подобро изведување на пенали.