Останаа уште три места за да биде пополнет бројот на учесници на ЕП 2024 во Германија. Шест репрезентации вечерва ќе треба да дадат се од себе за да дојдат до победа која има голем влог, а тоа е настап на ЕП. По одиграните полуфинални натпревари вечерва се играат последните финални средби по кои 3 репрезентации ќе се радуваат на пласман на континенталниот собир во Германија.
Финални натпревари:
18.00 Грузија – Грција
20.45 Украина – Исланд
20.45 Велс – Полска
Победниците од овие натпревари ќе се квалификуваат за Евро 2024 следното лето во Германија, за кое веќе е извршена ждрепката.