Вечерва ќе биде познат добитникот на „Златната топка“ на Франс Фудбал за 2019 година. Церемонијата за доделување на оваа наградата ќе биде одржана во Париз со почеток во 20:30 часот. Очекување на сите е дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе го освои ова признание по рекорден шести пат.
На социјалните медиуми вчера дури беше објавена информации за резултатите од гласањето на новинарите. Според неа, Меси добил 446 поени во анкетата, оставајќи го зад себе двоецот на Ливерпул – Вирџил ван Дијк и Мохамед Салах. Интересно е дека според ова неофицијална информација, ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо останува надвор од првите тројца.
Доколку се потврдат предвидувањата, Меси ќе го надмине Роналдо за една „Златна топка“ – Меси ќе има шест, а Роналдо пет. Далеку зад нив се легендите како Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен кои имаат по три освоение признанија – „Златна топка“.

