Фудбалскиот свет е во ичекување на дебито на Лионел Меси во дресот на ПСЖ. Вечерва во рамките од четвртото коло во француската Лига 1, ПСЖ од 20.45 часот му гостува на Ремс.
Од парискиот клуб и официјално објавија дека Аргентинецот е во составот на играчи на кои ќе располага тренерот Маурисио Покетино. Покрај Меси, во составот се и останатите ѕвезди на тимот како Нејмар, Ди Марија, Хакими, Верати, Ерера, Дракслер, Вајналдум, Донарума, но и Мбапе кој овој период се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.