По одигрувањето на првите натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите во теот на вчерашниот ден, вечерва не очекуваат вториот дел од осум натпревари кои се играат во 1коло од А, Б, Ц и Д групите.
Неколку натпревари посебно привлекуваат внимание, а тоа се средбата од Групата А, каде ПСЖ го пречекува Реал Мадрид, две екипи кои претендираат да бидат во самата завршница на ЛШ.
Во Б-групата Баерн ја пречкува Црвена Звезда и за навивачите на „црвено-белите“ ова ќе биде потсетување на шампионската година кога во полуфиналето го елиминираа гигантот од Минхен.
Динамо Загреб на „Максимир“ е домакин на Аталанта , додека уште еден фаворит гостува вечерва ви Украина, тоа е Манчестер Сити кој оди на гости кај Шахтјор.
Последниот супер дерби натпревар се игра во Мадрид , на „Вандаметрополитано“ каде Атлетико го има за противник Јувентус предводен од Кристијано Роналдо.
Денешни натпревари од Лигата на шампионите:
1 коло
Група А
18.55 Клуб Бриж – Галатасарај
21.00 ПСЖ – Реал Мадрид
Група Б
18.55 Олимпијакос – Тотенхем
21.00 Баерн Минхен – Ц.Звезда
Група Ц
21.00 Динамо З. – Аталанта
21.00 Шахтјор Д. – Манчестер С.
Група Д
21.00 Баер Л – Локомотив М.
21.00 Атлетико М. – Јувентус