Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вечерва се крева завесата: Кристал Палас и Арсенал на отворањето на Премиерлигата
    Фудбал

    Вечерва се крева завесата: Кристал Палас и Арсенал на отворањето на Премиерлигата

    sasoBy saso05/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По кусата летна пауза, денеска почнува новата сезона од англиската Премиерлига. Во својата 31-та сезона, најсилното европско национално пренство влегува со лоднонското дерби меѓу Кристал Палас и Арсенал. Дуелот се игра вечерва на „Селхрст Парк“ со почеток од 21 часот.

    Очекувањата на сите аналитичари е дека и оваа година големата битка за првото место ќе се води меѓу познатите ривали Манчестер Сити и Ливерпул. Минатата сезона „граѓаните“ на Пеп ја освоија титулата со само бод пред „црвените“ на Клоп, а неизвесноста беше зачувана се до последното коло. Минатата сезона, Челзи имаше добра сезона, но остана без директна битка со фаворитите за титулата. Клубот од Лондон сега има нов сопственик во лицето на Тод Боели, кој има амбиција да ги повтори успесите на Роман Абрамович. Сериозни амбиции за новата сезона имаат и големите ривали од северен Лондон, Тотенхем и Арсенал, кои минатата сезона водеа жестока битка за четвртото место. Манчестер Јунајтед кој забележа многу разочарувачка сезона, влегува охрабрен со доаѓањето на новиот менаџер Ерик тен Хаг.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд

    08/02/2023

    Обамејанг размислува дали да направи трансфер во САД

    08/02/2023

    Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !

    08/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд
    • Обамејанг размислува дали да направи трансфер во САД
    • Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !
    • Арсенал ги зголемува цените на сезонските билети за следната сезона
    • Кралот го направи тоа ! Го сруши 34-годишниот рекорд на Карим Абдул Џабар
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.