Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вечерва се затвара 3.коло од ЛШ,неколку супер интересни средби
    Фудбал

    Вечерва се затвара 3.коло од ЛШ,неколку супер интересни средби

    risteBy riste04/11/2020No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По натпреварите кои беа одиграни вчера во најелитното фудбалско натпреварување во Европа и беа постигнати дури 35 гола, вечерва повторно не очекуваат нови натпревари од 3.коло од Лигата на шампионите.

    Вечерва ќе бидат одиграни натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х, по што ќе заврши првиот круг од групната фаза,но исто така можат да бидат познати некои работи околу екипите кои ќе се борат за првите места во своите групи.

    Лондон и Севиља се местата каде вечерва ќе се игра фудбал во групата Е, Челзи на „Стемфорд Бриџ“ го пречекува францускиот Рен. Тренерот на Челзи, Френк  Лампард нема посериозни проблеми околу составот,ќе му недостасува Пулишиќ, додека неизвесен за настап е голманот Кепа Аризабалага. За разлика од Челзи,во Рен ќе недостасуваат Камавинга, Мауаса, Нианг, Ругани и Таит.
    На „Рамон Санчез Писхуан“ , Севиља го пречекува Краснодар, а со победа шпанскиот тим широко ќе си ја отвори вратата кон осминафиналето. Гомез,Идриси и Сусо нема да бидат во комбинација за настап кај домашната екипа, додека кај гостите ќе недостасуваат Кабела, Клаесон, Петров, Стотцки, Да Силва Фереира, а неизвесен е бразилецот Вандерсон. Во оваа група по две кола,Челзи и Севиља имаат по 4 бода, додека Краснодар и Рен по 1, тоа значи дека Челзи и Севиља со победа на вечерашните натпревари ќе бидат со една нога во осминафиналето на Лигата на шампионите.

    Првиот натпревар во групата Ф се игра во терминот од 18.55, во Санкт Петерсбург, Зенит го пречекува Лацио. Домашната екипа мора да победи на оваа средба доколку сака да се врати во трка за пласман меѓу двете најдобри екипи од групата. Во нивна полза е тоа што Лацио на оваа средба има големи кадровски проблеми, ќе недостасуваат голем број на играчи, меѓу нив Имобиле, Алберто, Леива, Лазари, Раду, Стракоша, Андерсон и уште неколку. За разлика од Лацио, во Зенит ќе ги нема Азмун, Дриуси, Малком и Мусаев.
    Во вториот натпревар од оваа група, од 21 часот во Белгија, Клуб Бриж ја пречекува Борусија Дортмунд. Кај Клуб Бриж ќе ги нема Брезе Фофана, Дели и Митровиќ, додека гостите од Дортмунд нема да може да сметаат на Чан, Хумелс, Шмелцер,Шулц и Загаду. И покрај овој податок, сепак Борусија е голем фаворит на оваа средба. Лацио и Клуб Бриж имаат освоено по 4 бода, додека Борусија Дортмунд  3, а Зенит е последен без бодови, затоа победата на Борусија може да бида многу важна за овој тим.

    Двата натпревари од групата Г се играат во вечерниот термин од 21 часот. Во Будимпешта, Ференцварош го пречекува Јувентус, а на „Камп Ноу“ Барселона ќе игра против Динамо Киев. По враќањето на Кристијано Роналдо во тимот, веднаш се виде колку тој значи за својата екипа, а секако дека Роналдо со нетрпение го очекува вечерашниот натпревар. Кај Јувентус на вечерашниот натпревар нема да може да сметаат на повредениоте Алекс Сандро и Де Лихт, како и казнетиот Демирел. Домашната екипа нема кадровски проблеми пред вечерашниот меч.
    Барселона нема да може да смета на Араухо, Кутињо, Умтити и Тер Штеген, додека голем е списокот на играчи кои ќе недостасуваат во Димано Киев, дури 14 играчи од украинскиот тим ќе го пропуштат гостувањето кај Барселона. Барселона е лидер на табелата со 6 бода, пред Јувентус кој има 3, а Динамо Киев и Ференцварош имаат по 1 и овие два тима ќе се борат за третото место.

    Последните натпревари кои ќе се играат вечерва се оние од групата Х, а првиот од нив се игра во Истанбул од 18.55 часот, каде домашната екипа на Башакшехир го пречекува Манчестер Јунајтед. Гостите од „Олд Трафорд“ имаат лош настап во Премиерлигата,но затоа во ЛШ се одлични. Кај домашната екипа ќе ги нема Азубуке, Каикара и Чади, додека се чека на лекарска дозвола за Кривели, Текдемир и Учар. Солскјер за ова гостување е без Бејли, Џонс, Лингард и Телес.
    Вториот натпревар од оваа група се игра во Лајпциг каде германскиот преставник го пречекува ПСЖ, кај домашниот тим ќе недостасуваат Хартман, Клостерман и Лајмер, а неизвесни се Адамс, Халстенберг и Мукиеле. Долг е списокот на играчи кои нема да може да играат за ПСЖ на оваа средба, според најавата ќе недостасуваат Нејмар, Мбапе,Верати, Икарди, Дракслер, Летелие, Хесе и Бернат. Ова е секако голем проблем за ПСЖ кој  по две која има ист број на бодови со Лајпциг, освоени 3, додека Манчестер Јунајтед е лидер со 6, а Башакшехир е без бодови.

    Група Е
    21.00 Челзи – Рен
    21.00 Севиља – Краснодар

    Група Ф
    18.55 Зенит – Лацио
    21.00 Клуб Бриж –Борусија Дортмунд

    Група Г
    21.00 Ференцварош – Јувентус
    21.00 Барселона – Динамо Киев

    Група Х
    18.55 Башакшехир – Манчестер Јунајтед
    21.00 РБ Лајпциг -ПСЖ

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.