Наградата „Златната топка“ за 2023 година ќе биде 67-та годишна церемонија на доделувањето на „Златната топка“, претставена од магазинот „Франс Фудбал“, со која се прогласуваат најдобрите фудбалери во светот во сезоната 2022-2023.
По втор пат во историјата на наградата, ќе се доделува врз основа на резултатите од сезоната наместо на календарската година, со сезоната што започнува на 1 август 2022 година и завршува на 31 јули 2023 година. Номинираните беа објавени на 6 септември 2023 година, а церемонијата ќе се одржи денеска на 30 октомври.
Покрај машката награда, ќе бидат доделени и „Златната топка“ за жени, трофејот „Копа“, трофејот „Јашин“, наградата „Сократес“, трофејот „Герд Милер“ и наградата за „Клуб на годината“.
Главни кандидати за наградата „Златна топка 2023“ се Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. Минатата година наградата заврши во рацете на Карим Бензема кој настапуваше за Реал Мадрид.

