Селта Виго нема да преговара за продажба на Габри Вега, изјави претседателот на клубот, Карлос Мурињо.
20-годишниот Шпанец го привлече вниманието во почетокот на сезонава откако постигна девет голови на 27 натпревари. Сега неговото име почна да се поврзува со големите европски тимови како што се Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
„Знаеме дека има тимови од Англија. Италија и Франција кои се заинтересирани. Нашиот одговор беше: Не можете да разговарате со нас бидејќи тој не е на продажба“- прокоментира претседателот на Селта.