Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вејн Руни го напушти евертон се сели во МЛС лигата
    Фудбал

    Вејн Руни го напушти евертон се сели во МЛС лигата

    risteBy riste28/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голгетерот  број 1 во историјата на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни веќе официјално е фудбалер на американскиот клуб Ди Си Јунајтед. Тимот од МЛС Лигата објави на клупскиот сајт дека постигнал договор со Евертон за трансферот на 32-годишниот напаѓач. Договорот на Руни со неговиот нов клуб е три и пол години.

    „Фантастично е што се приклучувам на Ди Си Јунајтед во толку возбудлив момент од историјата на клубот, кога новиот стадион ќе биде отворен по неколку недели”, изјави Руни, цитиран од официјалниот сајт на клубот од Вашингтон. „Доаѓајќи во Америка и МЛС Лигата, направив уште еден амбиционен потег во мојата кариера. Гладен сум за успеси тука и ќе дадам се за Ди Си Јунајтед  – како и секогаш сум правел за секој тим, чија дрес сум го носел “, изјави за клубскиот сајт Руни.

    Вејн Руни ја започна својата професионална кариера во Евертон во 2002 година, кога имал само 16 години. По 13 сезони во Манчестер Јунајтед минатата година се вратил во неговиот матичен клуб. Тој има 119 натпревари и 53 гола за националниот тим на Англија, како и 253 погодоци во 559 натпревари за Манчестер Јунајтед.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.