Поранешниот англсики репрезентативец Вејн Руни е назначен за нов менаџер на второлигашот Бирмингем. Како што се наведува, Руни (37) потпишал договор со Бирмингем кој ќе трае до јуни 2027 година.
Екс-играчот на Манчестер јунајтед ќе го наследи Џон Еустас, кој пред неколку дена доби отказ поради несогласувања со првите луѓе на клубот, иако тимот е на шестото место на табелата.
Руни, пак, си замина од американскиот Ди-Си Јунајтед каде работеше како менцџер до пред неколку дена.

