Италијанскиот прволигаш Удинезе, денеска го објави назначувањето на шпанскиот стратег Хулио Веласкез за нов тренер на тимот. 36-годишниот стратег синоќа постигнал договор со управата на тимот од Удине и ќе го преземе кормилото од хрватскиот стратег Игор Тудор.
Претходно, 36-годишниот Веласкез работеше со шпанските клубови Виљареал и Бетис. Последниот клуб каде работеше Шпанецот е второлигашот Алкоркон.