Фудбалерите на Борец ќе играат против Победа на 2 јуни на стадионот „Младост“ во Струмица во последниот филтер за пополнување на прволигашката конкуренција за наредната сезона.
Велешани денеска во првата фаза од баражот одиграа без голови со Гостивар на тренинг комплексот – „Петар Милошевски“, но, се покажаа како поуспешни во пенал-рулетот и го продолжија патот кон елитата.
Фудбалерите на Гостивар го промашија првиот пенал и тука практично ја загубија шансата. До крајот на пенал-серијата двата тима успешно реализираа а Борец излезе како победник.