Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Велковски: „Ми се вртеа многу работи во глава, но по голот кој го постигнав беше полесно“
    Фудбал

    Велковски: „Ми се вртеа многу работи во глава, но по голот кој го постигнав беше полесно“

    risteBy riste09/10/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија го победи Косово и сега ја делат само уште 90 минути до историско учество на едно Европско првенство. Косово е зад нашите репрезентативци, а сега ќе треба да се мисли на Грузија и тоа финале кое ќе го играме на 12 ноември во Тбилиси.

    И покрај тоа што направи грешка при голот на Косово, сепак успеа да собере сили, да постигне гол кој ја одведе македонија во финале, Дакро Велковски го нализираше настапот против Косово и мечот кој не чека за еден месец.

    „Одигравме доста тежок натпревар. Косово отвори офанзивно, но ние први стигнавме до гол. Но, потоа се случи таа грешка, едно недоразбирање меѓу мене и Столе. Навистина не знам што се случи, двеста работи ми се свртеа в глава во тој момент. Ми беше тешко затоа што можеше таа грешка да нè чини пораз, но кога го постигнав голот не можам да го опишам тоа чувство – „ми падна камен од срцето и потоа играв многу полесно. Имавме шанси да извојуваме уште повисока победа, но немавме среќа во реализацијата. Сепак важно е што во одбраната одигравме добро и бевме смирени и не дозволивме да примиме гол. Работата ни близу не е завршена. Ни останува Грузија, натпревар за кој сите живееме и мораме да дадеме сè од нас за да го добиеме и одиме на ЕП“, изјави Дарко Велковски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.