Македонската велосипедистка Дуња Иванова, како дел од сениорската репрезентација на Велосипедската федерација на Македонија се закити со сребрен медал на Балканското првенство во планински маратон кое се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина.
Патеката со должина од 73 километри и висинско искачување од 1600 метри ја измина со вкупно време од 4 часа и 21 минута и ја обезбеди титулата на вицешампионка зад победничката Мануела Муресан од Романија, додека на третото место беше Нина Видовиќ од Босна и Херцеговина.
На овој натпревар во машка конкуренција македонските претставници Јован Паневски и Александар Милошевски во силна сениорска конкуренција го изборија четвртото односно петтото место, додека во категоријата на Мастерс натпреварувачи Љубиша Кондев го заслужи првото место.

