Рајан Гигс, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, потенцираше што треба да направат „црвените ѓаволи“ за да бидат конкурентни за титулата. Според него, менаџерот Оле Гунар Солскјер, треба да купи нов напаѓач.
„Ако Манчестер Јунајтед сака да се израмни со Сити тогаш на тимот му требаат најмалку уште 3-4 квалитетни играчи. Тимот со еден Бруно Фернандеш и Пол Погба не изгледа импресивно“ – изјави Гигс.
„Грилиш изгледа како фудбалер кој е идеален за Јунајтед. Тој добро ја контролира топката и има одличен преглед на играта“ – вели Гигс.