Фудбалерот, Герет Бејл, ќе остане во Реал Мадрид и ќе ја одработи последната сезона од договорот, најавија извори блиски до репрезентативецот на Велс.
Новиот тренер на „белите“, Карло Анчелоти, неодамна изјави, дека брзоногиот фудбалер ќе ја добие вистинската улога на теренот и дека нема потреба да го напушти стадионот – „Сантијаго Бернебе“. Двајцата имаа одлична соработка во минатото кога Италијанецот беше кормилар на Реал Мадрид.
Во изминатите неколку дена, се погласни беа шпекулациите дека Велшанецот ќе заврши во МЛС лигата, но, сега ситуацијата драстично се менува.