Вчера на легендарниот стадион –„Вембли“ на кој требаше да се реализира пријателски меч меѓу Англија и Италија како дел од подготовките за ЕП, се појави порака со која Англичаните испратија поддршка за Италија која е најпогодена во Европа со корона-вирусот.
„Можеби не го делиме теренот вечерва, но, заедно сме сплотени во ова тешко време. Останете дома, спасете животи“ – пишуваше во објавата.
Во Италија како последица од корона- вирусот досега починаа повеќе од 9.000 луѓе.