Фудбалот предизвикува емоции на теренот, но и надвор од него. Најновиот пример за големата еуфорија која ја зафати Англија околу Евро 2020 е венчавката пред куклтниот стадион „Вембли“.
Еден заљубен пар го кажа своето судбоносно „Да“ во Лондон и го овековечи својот најсреќен ден со фотографии пред самиот спортски објект. Тие позираа во дрес со број 7 на Англија и ги привлекоа погледите на навивачите и фотографите околу стадионот.

