Рускиот состав Зенит ќе му дозволи на Бразилецот, Вендел, да замине во редовите на турскиот тим, Галатасарај, наведуваат денеска медиумите во двете земји.
Според нив преговорите се во напредна фаза и набрзо се очекува официјализирање на трансферот. Вендел во претходната сезона имаше 35 натпревари во сите конкуренции на кои постигна четири голови и направи 10 асистенции.
Се очекува турците да платат околу 20 милиони евра за потписот на 26-годишниот фудбалер.

