Трансферот на Висам Бен Једер во редовите на Венеција пропадна. Според информациите, клубот од Серија А не сакал да потпише со Французинот поради проблемите кои 34-годишниот Бен Једер ги има надвор од фудбалот.
На 12 ноември 2024 година, Кривичниот суд во Ница го прогласи поранешниот напаѓач на Монако за виновен за сексуален напад додека бил во алкохолизирана состојба. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, од кои 18 месеци условно. Тој подоцна ја обжали одлуката.
Бен-Једер е обвинет и за „силување, обид за силување и сексуален напад“ за дела што се случиле во летото 2023 година. Овој случај се уште е под истрага.

