Легендарниот тренер на фудбалскиот состав Арсенал, Арсен Венгер, кој беше специјален гостин и стручен експерт на „БеИН Спортс“ во студиото во Доха, го искоментира вчерашниот дерби меч во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
„Секогаш е тешко кога ќе се загуби значаен натпревар. Ги видовме реакциите на двајцата менаџери. Тие покажаа колку им значат победите“ – вели Венгер.
„Мислам дека девет бодови се голема предност за Ливерпул во однос на Сити иако се одиграни само 12 кола “ – потенцираше Французинот.

