Поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер изјави дека ќе продолжи со својата кариера и се надева дека ќе добие добра клубска понуда.
„Сега можам да се обидам повторно. Тоа е она што го сакам во животот. Сакам предизвици. Не знам што ќе се случи потоа, но сега сум пред чиста страница и треба да напишам ново поглавје. Јас навистина не можам да лежам на плажа и да уживам во мојот живот, им завидувам на колегите кои знаат како да го прават тоа, би сакал да тренирам голем клуб кој има амбиции “, рече Арсен Венгер.
Веднаш по шокантното заминување на Зинедин Зидан, Французинот беше вклучен во краткиот список на можни кандидати за позицијата во Реал Мадрид.. 68-годишниот тренер работеше во Арсенал од 1996 до 2018 година