Францускиот шампион, Париз Сен Жермен, е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред Марко Верати, тврди – Мундо Депортиво.
Французите во летото во 2012 година го купија поранешниот фудбалер на Пескара за сума од 12 милиони евра. Сега новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел, му посочил на раководството дека Верети може да се продаде со добра понуда.
Пред една година Барселона беше во напредни преговори со агентот на играчот Мино Раило, но, трансферот не се случи. Постои сценарио Верати да се врати во Италија бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Наполи и Јувентус.