Медиумите во Англија во континуитет се обидуваат да издвојат информации околу можните засилувања на тимовите во Премиер лигата. Познато е дека Манчестер Јунајтед, на барање на Мурињо, објави, дека планира да потроши поголема сума на пари и дека има неколку трансферни цели.
Португалецот според анализата ќе треба да ја пополни дупката во средниот ред откако Карик си замина во пензија а Фелаини не доби продолжување на договорот. Англиските медиуми велат дека првото летно засилување на тимот од Олд Трафорд ќе биде Фред од Шахтјор иако во игра се и Герет Бејл и Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
Сега пак, се споменува и играчот на ПСЖ, Марко Верати. Наводно, „црвените ѓаволи“ се подготвени да понудат 75 милиони фунти за потписот на Италијанецот.