Верати не е во плановите на новиот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, а негова желба е и да го напушти Париз.
30-годишниот играч не беше дел од репрезентацијата на Италија за европскиот квалификациски натпревар против Македонија. Новиот селектор Лучијано Спалети откри дека му испратил повик, но играчот одлучил да го одбие бидејќи очигледно треба да го реши неговиот иден трансфер откако францускиот шампион ги одбил понудите од Челзи, Барселона и Баерн Минхен за него ова лето.
Во меѓувреме, сериозен интерес за играчот на ПСЖ, покажува уште еден клуб од Катар, Ал-Ахли. Двете страни се договорија за условите на договорот, но играчот од средниот ред побара малку одмор поради семејни проблеми.