Проблемите за централниот дефанзивец на Барселона Томас Вермален продолжуваат, откако Белгиецот доби четврта повреда сезонава.
Дефанзивецот на „каталонците” не се најде во листата од 22 играчи на кои ќе смета тренерот Ернесто Валверде за утрешниот 1/4-финален дуел во Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед.
Вермален не најде место и во составот на тимот и за натпреварот со Атлетико Мадрид во саботата, бидејќи страда од болки во левото колено. Тој играше на само 11 од 48 натпревари на тимот во сезонава или вкупно 677 минути.
За последните 12 години Вермален бил повреден дури 27 пати, покажува статистиката на весникот „Спорт”.
