Дефанзивецот на Барселона, Томас Вермален ја повреди тетивата на десната нога на синоќешниот меч со екипата на Леванте и ризикува настап на СП во Русија.
32-годишниот Белгиец излезе во игра во 31. минута, а денеска ќе се чекаат најновите лекарски прегледи за да се дознае точниот период потребен за рехабилитација.
Првите прогнози на лекарите велат дека повредата е сериозна, но сепак, треба да се почекаат денешните резултати од специјалистичките наоди.