Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер, не ја исклучува можноста да го напушти клубот во текот на летово откако се појавија информации дека лондончани ќе го стават фудбалерот на трансфер-листата.
25-годишниот Германец кој беше донесен од германскиот РБ Лајпциг како големо засилување на „Стемфорд Бриџ“, постигна сккромни 12 погодоци и направи 15 асистенции на 52 меча одиграни во сите конкуренции.
Според одредени најави, за неговиот потпис се заинтересирани екипи од Германија и Италија.