Фудбалерот на Челзи, Тимо Вернер, се осврна на критиките што ги добива од сите страни поради слабите партии пред се во дресот на „сините“.
„Морам да ги игнорирам критиките. Ако размислувам за нив, ќе бидам под притисок. Знам што можам“ – вели репрезентативецот на Германија.
„Потребна ми е доверба од тренерот, се надевам дека ќе можам да се оддолжам“ – изјави Вернер кој за лондончани одигра осум средби во сезонава со ефект од два гола и една асистенција.