Напаѓачот на фудбалскиот состав РБ Лајпциг, Тимо Вернер, со вчерашниот гол на мечот со Келн се искачи на второто место на листата на стрелците кога станува збор за реализација само на гостински терен во една сезона.
Тој на стадионот на популарните „јарци“ во дуелот одигран во рамките на 29. коло од Бундес-лигата успеа да дојде до 15-от погодок на гостувањата со што се изедначи со Пјер-Емерик Обамејанг (2016/17), Един Џеко (2009/10) и Герд Милер (1971/72).
Пред нив или на првото место според тој индикатор се наоѓа Јуп Хајкенс, кој во сезоната 1973/74 постигна 17 голови на гостувањата.