Новиот играч на Челзи, Тимо Вернер ја коментираше својата одлука да го напушти РБ Лајпциг пред преостанатите натпревари на тимот во Лигата на шампиони.
Самиот напаѓач нема да може да игра за лондончани во реваншот против Баерн (Минхен) во 1/8 финалето на Лигата на шампионите.
„Секако дека ме боли што не можам да му помогнам на Лајпциг во Лигата на шампионите. Но, јас сум играч на Челзи од 1 јули и од тогаш овој клуб ќе ми ја дава платата. На сите им беше јасно – на Челзи, на РБ Лајпциг и на мене дека треба да го решиме тоа. Се разбира, се обидов да размислувам за проблемот со Лигата на шампионите што е можно помалку, затоа што беше јасно дека ќе морам да повредам еден тим. Така, мојот агент на крајот се договори со клубовите. Јас секогаш ќе бидам поврзан со Лајпциг. Ќе седнам пред ТВ и ќе ги стискам палци за време на четвртфиналето. Можеби ќе бидам и во Лисабон. Преговорите со Челзи беа навистина добри. Тренерот особено ме поддржуваше и сакаше да знам дека ме сака во Челзи, за да можам да се чувствувам исто толку удобно како овде“, изјави Тимо Вернер.