Напаѓачот на Германија, Тимо Вернер во пресрет на натпреварот од 5-то коло во Лигата на нации на УЕФА против Украина го сподели своето мислење за противникот.
„Секако, ќе се обидиме да го добиеме натпреварот. На првиот натпревар видовме дека противникот има одличен тим. Украинците се опасни. Треба да бидеме внимателни. Но, пред сè, Германија мора да нападне. Верувам дека ќе се справиме добро и ќе победиме”, рече Тимо Вернер.
Новото засилување на Челзи ќе игра повторно и тоа прв пат по заминувањето од РБ лајпциг на стадионот во Лајпциг.
Она што е интересно пред овој натпревар е дека може да се случи и да дојде до откажување на оваа средба поради појава на коронавирусот меѓу гостинските играчи, се чекаат денешните тестови по што ќе се знае дефинитивно дали средбата ќе се игра.

