Голгетерот на РБ Лајпциг Тимо Вернер донесе дефинитивна одлука за тоа што ќе направи по крајот на сезоната.
Според медиумите во Германија, напаѓачот сака трансфер само во Ливерпул. Ако тоа не биде случај ова лето, тој ќе остане во Лајпциг уште една сезона, и покрај интересот на многу други клубови. Манчестер Јунајтед, Челзи и Баерн (Минхен) се подготвени да го привлечат Тимо Вернер, а во еден момент се шпекулираше дека тој би можел да биде дел и на Барселона, во случај каталонците да не успеат во намерата да го купат Лаутаро Мартинез.
Сепак, Вернер нема интерес да замине во друг клуб освен Ливерпул. Доколку договорот не се случи сега заради комплицираните услови поради пандемијата, германскиот репрезентативец својата иднина ќе ја реши за една година.