Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, кој поради повреда речиси два месеца помина надвор од терените може да заигра на денешниот меч со Интер во Лигата на фудбалските шампиони, најави на последната средба со новинарите, тренерот на англичаните, Маурисио Почетино.
Вертонген последен пат настапи на мечот со Хадерсфилд на 29 септември кога неговиот тим успеа да забележи победа. Неговото враќање во тимот сигурно ќе донесе поголем квалитет во дефанзивата и средниот ред.
Тотенхем денеска мора да оди на победа за да ги задржи шансите за пласман во фазата на елиминации во Лигата на шампионите.