Тотенхем најверојатно ќе ја искористи опцијата и ќе го продолжи договорот со дефанзивецот Јан Вертонген. Веста ја потврди и самиот фудбалер.
Договорот на Белгиецот е до крајот на оваа сезона, но во него има клаузула која му овозможува на клубот да ги обезбеди неговите услуги за уште една сезона, а на тој начин тој ќе остане во тимот до летото 2020-та година.
„Договорот ми истекува на крајот на оваа сезона, но Тотенхем има опција да го продолжи за уште една година и очекувам тоа да се случи наскоро“, изјави дефанзивецот пред медиумите во својата татковина.