Холандскиот фудбалер Весли Снајдер објави дека ја завршува својата фудбалска кариера. 35-годишниот играч е без клуб од јули.
Неодамна, тој играше во Катар за локалниот тим Ал-Гарафа. Тој потпиша договор со холандскиот Утрехт и ќе има своја ложа на стадионот.
Кариерата на Весли Снајдер започна во Ајакс, по што играше за Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница. Играше во екипата на Интер од 2009 до 2013 година и токму во Милано го постигна својот најголем успех. Тој беше основна фигура во тимот предводен од Жозе Мурињо, која дојде до најголемиот успех во 2010 година. Во тоа време, Интер ги освои Лигата на шампионите, титулата и Купот на Италија.
Снајдер е рекордер според бројот на настапи за репрезентацијата на Холандија со 134 настапи. Играчот од средниот ред имаше голем придонес за пласманот на Холандија во финалето на СП 2010 година.