Реал Мадрид е во предност во однос на останатите кандидати за Ерлинг Холанд, доколку трансферот на напаѓачот биде тема на разговор во наредните месеци, објави венсикот „АС“.
Во суштина Борусија (Дортмунд) не сака да се раздели со норвешкиот млад фудбалер, кого неодамна го привлече во своите редови. Но, ако поради некоја причина продажбата биде актуелна пред почетокот на следната сезона, тогаш од „Сантагого Бернабеу“ ќе бидат во предност за негова следна дестинација. Од друга страна, управата на германскиот клуб е во одлични односи со колегите од Реал Мадрид.
Да потсетиме дека менаџер на Холанд е Мино Рајола, кој веќе вети дека ќе му помогне на Реал Мадрид со купување на оваа супер ѕвезда во летниот преоден рок. 19-годишниот напаѓач е исто така добар пријател со неговиот сонародник Мартин Јодегор, кој исто така е во сопственост на Реал Мадрид. Јувентус и Манчестер Јунајтед се другите сериозни претенденти за Холанд.