Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ ја донел одлуката да остане во клубот, иако има шпекулации дека ќе направи трансфер во Интер, соопштува весникот „АС“.
Според изданието, кое се потпира на информации од блиски луѓе на фудбалерот, навистина имало конкретна понуда од Интер кон него, но тој уште од самиот почеток сакал да остане на „Сантијаго Бернабеу”. Хрватот им кажа на своите блиски дека сигурно ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид.
Единствено што Модриќ го посакал од клубот, е признание во однос на платата, бидејќи останатите ѕвезди во тимот Герет Бејл и Серхио Рамос (11 милиони евра), како и Тони Крос и Карим Бензема (8,5 милиони евра) земаат многу повеќе од него. Носителот на „Златната топка“ од СП 2018 добива „скромни” 6,5 милиони евра годишно. Затоа Флорентино Перез ќе ја поправи оваа грешка и ќе му предложи подобрен договор.
За одлуката на Модриќ, зборува и фотографијата од денешниот тренинг, кој играчот од средниот ред ја стави на социјалните мрежи.