Вест Хем е подготвен да се раздели со Фелипе Андерсон, тврди весникот „Мирор“. Менаџерот на Лондончани, Дејвид Мојс сака да се раздели со играчот за да заработи пари за нови засилувања. Бразилецот има договор уште две години со „чеканите“, а во договорот има опција за уште една сезона.
Клубот има тенденција да ги слуше сите понуди во висина од 40 милиони фунти. Од Италија има интерес за играчот. Наполи го гледа како совршена замена за Хозе Каљехон кој може да си замине.
Оваа сезона, 26-годишниот Андерсон постигна еден гол, а имаше и пет асистенции на 24 одиграни натпревари за Вест Хем. Од наполи се подготвени како дел од договот за Андерсон да го понудат Ирвинг Лозано кој не се снајде во оваа екипа, а би можел да биде интересен за Вест Хем.