Потпретседателката на Вест Хем, Карен Брејди зборуваше за скандалот со дефанзивецот Курт Зума.
„Да бидам јасен – нема оправдување за постапките на Курт Зума. Јас, како и сите други кои го гледаа видеото што беше објавено оваа недела, бев шокиран од она што го видов. Ставот на клубот по ова прашање беше јасен уште од самиот почеток. Безрезервно ги осудуваме неговите постапки и никогаш нема да оправдаме каква било форма на суровост кон животните. Постапивме што е можно побрзо и го казнивме колку што е можно повеќе“, изјави Брејди за „Дејли Меил“.
На 7 февруари се појави видео како 27-годишниот Французин како ја удира својата мачка. Кралското друштво за спречување на суровост кон животните ги зеде мачките од фудбалерот. Два дена подоцна, Вест Хем го казни дефанзивецот со 250.000 фунти и ги испрати парите за помош на животните. Покрај тоа, спортскиот концерн Адидас ја прекина соработката со Зума и играчот нема да добие повик во француската репрезентација за натпреварите во март.