Фудбалерот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс веќе подолго време е на листата на голем број водечки клубови од Премиер лигата кои го посакуваат во своите редови следната сезона.
Според ESPN, лондонскиот клуб е подготвен да го продаде својот лидер, но за него ќе бара 100 милиони фунти.
Се вели дека Арсенал моментално води во трката за играчот, но во трка за играчот се и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл. Претходно беше објавено дека е познат буџетот на Арсенал за летните трансфери, а на Артета му требаат само врвни играчи, меѓу кои и Рајс.