Напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, може да ја промени клупската средина, објавија неколку медими во Германија и Англија.
Според изворот, два клуба од англиската Премиерлига – Вест Хем и Брентфорд – се борат за напаѓачот од Гвинеја. Двата тима испратија свои скаути на последните натпревари на Штутгарт во Бундеслигата. Напаѓачот го следат и Кристал Палас и Бурнемаут. Забележано е дека газдите на германскиот клуб се уште не брзаат да одлучат да го продадат својот голгетер.
Гираси за Штутгарт игра од 2022 година. Минатата сезона напаѓачот одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 14 гола и две асистенции. Договорот на играчот со актуелниот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 14 милиони евра.
Гираси неодамна постави рекорд во германското првенство, постигнувајќи 13 гола во седум кола.

