Во втората сезона од Конференциската лига на УЕФА ќе гледаме интересни натпревари, тоа го најавуваат двојките од четвртфиналето кои ги добивме по денешната ждребка.
Четвртфинални парови во Конференциската лига на УЕФА:
Лех – Фиорентина
Гент – Вест Хем
АЗ Алкмар – Андерлехт
Базел – Ница
Покрај паровите во четвртфиналната фаза, одреден е и целосниот пат до финалето во ова натпреварување.
Полуфинални вкрстувања во КЛ:
Лех/Фиорентина – Базел/Ница
Гент/Вест Хем – АЗ Алкмар/Андерлехт

Четвртфиналните натпревари се играат на 13 и 20 април, додека полуфиналните средби се планирани за средината на мај. Финалето кое се игра на „Фортуна Арена“ во Прага е закажано за 7 јуни.