Вест Хем доцна синоќа го објави потписот со напаѓачот на Ајакс, Мохамед Кудус. Договорот на играчот ќе биде на 5 години.
„Од детството сонував да играм во оваа лига. Сонував за овој момент и мило ми е што сум тука. Но, не завршува се со овој трансфер, сакам да продолжам да растам како фудбалер“, рече Кудус по потпишувањето на договорот.
Кудус дојде во Ајакс вод 2020 година. 23-годишниот Ганец минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и 7 асистенции.