Вест Хем ќе побара 100 милиони фунти својот фудбалер Деклан Рајс, кој имаше одличен настап за својата репрезентација на Еуро 2020.
Челзи се смета за главен кандидат за играчот од средниот ред, кој беше стартер на сите седум натпревари на Англија на шампионатот на Стариот континент.
Како дете, 22-годишниот фудбалер бил во клупската академија на „Стемфорд Бриџ“, но потоа се определил кариерата да ја гради на друга дестинација. Неговиот договор со „чеканите“ е до летото 2024 година, што нема да им дозволи на кандидатите за него да ги реализираат лесно своите планови.
Од друга страна играчот на Челзи, Тами Абрахам беше поврзуван како можен дел од оваа зделка.