Трансферот на Фелипе Андерсон од Лацио во Вест Хем веќе е договорен, тврдат италијанските медиуми. Двата клуба се согласиле со договорот што треба да се случи денес.
Лацио бараше 50 милиони евра за Андерсон, но тоа беше премногу висока цена за Вест Хем. Сепак двата клуба нашле компромисно решение, со кое “чеканите” ќе платат 30 милиони сега и ќе дадат уште 20% од наредниот трансфер на Бразилецот.
Лотито е убеден дека Андерсон ќе се претстави добро во Премиерлигата и во подоцнежна фаза ќе биде продаден за уште повисока цена.
Се очекува денеска спортскиот директор на Лацио, Игли Таре да патува за Лондон, за да го финализира договорот.