Вест Хем официјално го промовираше Џек Вилшир. 26-годишниот играч од средниот ред потпиша договор за три сезони, откако на почетокот на летото ја отфрли можноста да го продолжи договорот со Арсенал, чиј играч беше во последните 17 години.
„Чувството е посебно. Многу луѓе знаат дека имав посебна врска со овој клуб, додека растев. Луѓето ја виделе мојата слика со дрес на Вест Хем. Имам многу добри спомени од детството, кога го поддржував Вест Хем, гледајќи натпреварите на тимот на „Аптон Парк “. Моето семејство, како и некои од моите пријатели, се фанови на Вест Хем”, изјави Вилшир.
Вилшир кој има 34 натпревари за националниот тим на Англија, пристигнува на „Лондон Емирати” како слободен агент откако неговиот договор со Арсенал истече на крајот на јуни. „Чеканите” се многу блиску до тоа да се изјаснат и за трансферот на Андриј Јармоленко за кого ќе бидат платени 20 милиони евра.