Неколку дена по продажбата на Деклан Рајс во Арсенал за 105 милиони фунти, Вест Хем упати храбра понуда од 45 милиони до Фулам, открива „Скај Спортс“.
„Чеканите“ се заинтересирани за играчот од средниот ред Жоао Палиња. Сепак, одговорот на Фулам беше негативен. Фулам го привлече Португалецот пред само една година од Спортинг (Лисабон) за 20 милиони евра. Палиња веднаш се наметна, имаше вкупно 40 натпревари за тимот, пропуштајќи само три од оние во Премиер лигата.
Пред неколку месеци имаше информации за интерес на Ливерпул за него. Вест Хем сега ќе мора или да ја подигне понудата или да бара друга алтернатива за средината на теренот.