Лондонскиот тим Вест Хем се договори за цената на 30-годишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.
„Чеканите“ ќе им платат на „црвените ѓаволи“ 35 милиони евра, објави инсајдерот Фабрицио Романо на својот Твитер. Според Романо, во наредните денови Вест Хем ќе започне да разговара за условите на договорот со самиот играч. Во исто време, дијалогот со Манчестер Јунајтед околу структурата на плаќањата за трансферот се уште трае. Хари Мегваер се пресели во Манчестер Јунајтед од Лестер за 87 милиони евра, што го направи најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, се до ова лето кога Гвардиол потпиша со Манчестер Сити.
Досега проценетата цена на играчот е 20 милиони евра. Договорот на 30-годишниот централен дефанзивец со Манчестер Јунајтед е до летото 2025 година.